| Хотел Бањиште и Косоврасти |
|
|
|
|
На надморска височина од 880м и заокружен од прекрасна природа, тој денеска преставува еден модерен медицински центар, каде лековитите ефекти на самата термо-минерална вода во комбинација со најсовремените медицински методи, помагаат при лечење и третирање на десетици болести. Хотелот располага со професионален медицински и хотелски тим, кои ќе се погрижат во најдобар можен начин за вас при престојот во овој хотел. Бањиште има на располагање 117 соби, со вкупен капацитет од над 300 особи. Собите се групирани во неколку категории, во зависност од услугите кои ги нудат, каде најмодерени се четрите апартмани. Располага со ресторан со капацитет до 400 особи, кој воедно има и летна тераса и катче за забава на деца и возрасни. Хотелот располага со два базени со термална-минерална вода, фитнес сала, сала за масажа, бесплатен WIFI интернет, преубав парк, патеки за пешачење и паркинг за возила и автобуси.
Хотел Косоврасти нуди 72 соби, сите со поглед кон езерото. Вкупниот капацитет на хотелот е 170 особи, а нуди неколку категории на сместување. Хотелот располага со два лифтови, ресторан со тераса, неколу простории во кои се вршаат медицинските услуги, фитнес центар, бесплатен WIFI интернет, парк и паркинг за возила. |
| < Претходно | Следно > |
|---|