Increase font size Default font size Decrease font size Narrow screen resolution Wide screen resolution Auto adjust screen size
OOPS. Your Flash player is missing or outdated.Click here to update your player so you can see this content.
Дома
Нови инвестиции во Хотел Бањиште PDF Испечати Е-пошта

Пред се сакаме да им се заблагодаруваме на сите наши лојални клиенти, без кои ова инвестиција не можеше да се реализира. Ние често сме добиле критики од нивна страна во врска со дизајнот на рецепцијата, и во 2010 година, ние одлучивме да ја промениме неа во хотел Бањиште. Во пролог ви го презентираме, новиот изглед на рецепцијата, дизајн во кој сме се потрудиле да го држиме античкиот стил на Хотел Бањиште. Ќе има и многу други промени на самиот хотел, но нема до ќе ги отриеме малку подоцна. Чекаме ваши коментари во врска со ова инвестиција.

> > >
 
Добро дојдовте во веб страната на Дебарски бањи Цапа PDF Испечати Е-пошта

       Почитувани посетители и пријатели добро дојдовте во веб страната на ,,Дебарски бањи-Цапа“,  која сега е променета и совршена со нов дизајн исто како што од ден на ден еволуира и самата  институција .
       Целта на ова веб страна е да бидеме што поблиску до Вас наши клиенти и пријатели, да ви овозможуваме што полесно и побрзо да ги примате потребните информации,  како и да контактираме заедно на модерен начин.
Освен новиот дизајн, ова веб страна сега нуди и нови функции како:

--Онлине- резервации - оваа функција ви овозможува да извршите резервација на секое време , 24 х 7 без оглед каде се наоѓате и апсолутно без никакви  трошоци. Доволно е само таму каде што се наоѓате ( дома, на работа, воз  . . . . .) да имате преносен компјутер и интернет конекциа и во светот на неограничениот интернет ќе ги најдите Дебарските бањи -Цапа.

--Онлине подршка -за секаква информација што не можете да ја најдите во веб страната , за нејасности и прашања што ќе ги имате, сега можете да ни се обратите од 08.00  до  14.00  часот од  Понеделник до Петок, преку  Live Chat подршка – функција која ни овозможува преку пишување (chat) да комуницираме  во реално време исто како во Instant Messenger. Се разбира дека и ова услуга се дава безплатно за сите корисници на интернетот.

--Форум- освен комуницирањето со стафот  на Дебарски бањи - Цапа,сега можете да комуницирате и да разменувате мислења и со други наши  посетители за и околу Дебарски бањи - Цапа, вашите искуства во овие бањи, вашата здраствена состојба после земените терапии, вашите сугестии идр.

> > >
 
Нови Соби PDF Испечати Е-пошта

Ве известуваме дека во почеток на месец Август 2009, пуштени се во употреба 18 новоизградени соби во Хотел Бањиште. Новиот дел на хотелот има 2 апартамента, 10 соби со TwinBed (спална), и 6 двокреветни соби. Новите и постоечките апартмани сега ги нудиме и за 15% поефтино, за што можете да се информирате во линкот цени. Во прилог ви презентираме фотографии од новите соби.

> > >
 
Договор со фонд за здравствено осигурување PDF Испечати Е-пошта

Дебарски бањи Цапа, во месец Јануари, склучија договор за 2008 година, со Фондот за Здравствено Осигурување (ФЗО) на Република Македонија. Овој договор, им овозможува на сите пациенти кои имаат потреба за рехабилитација, истото да го вршат при нашиот бањски центар, за чиј деловен или тотален износ на трошкови (во зависност од случајот) ќе се погрижи Фондот за Здравствено Осигурување. Доколку сакате да добиете професионални услуги за вашето тело, побарајте при единицата на Фондот во вашиот град или од вашиот матичен лекар, документацијата да се подготви за Дебарските Бањи Цапа.

Доколку ви се потребни информации во врска со потребната документација,  слободно контактирајте не. Притиснете овде да дознаете како можете да не контактирате

 
Дебаски бањи Цапа PDF Испечати Е-пошта

Дебарски бањи -Цапа во нејзина сопственост има две хотели во еден мал град со име Дебар кој се наоѓа во западниот дел на Р. Македонија. Тоа што представува како ретка атракција  е термоминералната вода што извира кај овие бањи. Ова е водата што по нејзиното лековито дејство и по нејзиниот богат хемијски состав се рангира на прво место во Европа и на трето место во светот, т.е. факт што зборува многу за нас.   (има многу значење за нас).

    Често познати  и под имињата Бањиште и Косоврасти, Дебарските бањи Цапа нудат лекување, рехебилитација и релаксација за сите клиенти и што е најважно сите овие услуги се опфатени  со една многу поволна цена што може да биде прифатлива (достапна) за сите социални категории на општеството. Со двата горенаведени хотели имаме еден капацитет од 500 легла и се работи за зголемување на капацитетот и нивно модернизирање.

     Иако се поминати само 3 години од приватизацијата на оваа институција,извршени се многу промени почнувајќи од медицинскиот кадар кој е надополнет со нови лекари и се до внатрешните и надворешните промени што се извршени во нашите хотели. Доволно е овде да се спомнат собите кои се целосно изменети и се снабдени со луксузен инвентар, изградени се нови базени, сме добро снабдени со современа медицинска апаратура за разни терапии и многу многу други промени што е невозможно да ги напоменеме сите.


    

 

sto kazuvaat nasite pacienti

Anketa

Колку пати сте ги посетиле нашите бањи?